Languages

Новогодишна забава

Денес, во просториите на здружението „Отворете ги прозорците“ се одржа новогодишна забава за четириесетина корисници на Центарот за асистивна компјутерска технологија.

Корисниците на Центарот ја искористија оваа прилика да ја искажат својата благодарност до компанијата ЕЛЕМ, која последните шест месеци ја поддржува работата на Центарот. 

 
 
 
 
На забавата присуствуваа и пријатели и соработници на здружението кои имаа можност лично да се запознаат со корисниците и да видат дел од  нивните изработки на компјутер, направени со поддршката на ЕЛЕМ.
 
Едночасовното дружење ги расположи сите присутни, а на крајот најсреќни беа најмалдите бидејќи добија новогодишни пакетчиња од фирмата „Марс инкорпорејтед“. 
 
АД Електрани на Македонија во рамки на својата Декларација за општествена одговорност континуирано ги поддржува и соработува со институциите и граѓанскиот сектор во насока на унапредување на областите од јавен интерес. Идентификувајќи ги потребите, АД ЕЛЕМ зазема стратешки приод во поддршка и вклучување на маргинализираните групи во главните општествени текови. Токму во таа насока е и поддршката на „Отворете ги прозорците“.
1.jpg2.jpg3.jpg