Languages

Нови управни органи на Отворете ги прозорците

На седницата на Собранието што се одржа на 19 декември 2015 година, членовите го избраа Тони Бачваровски за претседател на Отворете ги прозорците во следниот четиригодишен период.

Бачваровски е еден од основачите и прв претседател на здружението од 2005 до 2007 година. Тој доаѓа на местото на Лидија Крстевска Дојчиновска која оваа функција ја извршуваше во изминатите осум години.

На изборот на нов претседател му претходеше проширување на собранието со единаесет нови членови: Надица Мурџева, Никица Кусиникова, Горан Петрушев, Душко Миновски, Назиктере Сулејмани, Цветко Смилевски, Беким Бекири, Оливера Рашиќ Цаневска, Влора Адеми, Викторија Пенова и Маргарита Гулевска. Покрај корисници и нивните семејства, новите членови на собранието вклучуваат претставници на граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор и академската заедница. Различните искуства на новите членови ќе го збогатат здружението  и ќе го зајакнат плурализмот во управувањето и донесувањето одлуки.

На истата седница Собранието изгласа и нов управен одбор во состав: Тони Бачваровски, Африм Илјази, Надица Мурџева, Беким Бекири и Душко Миновски. Нивниот мандат е четиригодишен, со право на повторни избори.

Промените се во насока на спроведување на тригодишната Организациска стратегија за периодот 2015-2017 и се одраз на основните организациски вредности и принципи: еднакви можности, толеранција и почитување на разликите, партнерство и транспарентност и одговорност.