Languages

Нова опрема во Центарот за асистивна технологија

Центарот за асистивна технологија го подобри капацитетот со набавка на два компјутери со монитори на допир, три лаптопи и четири таблети. Таблетите ќе ги прошират услугите кои во моментот им се нудат на корисниците. Едукаторите ќе ги збогатат сесиите со нови содржини и ќе имаат можност за пристап до содржини кои не се достапни на компјутер или лаптоп.

Антонио работи на таблет

Новата опрема ќе ја подобри достапноста до отворен софтвер, а со тоа ќе се подобрат индивидуалните сесии со корисниците.

За три месеци, едукаторите ќе развијат прирачник за користење на таблет дома или на училиште. Во август планирано е да се одржат две работилници за презентација на прирачникот пред студенти и родители.

Малиот проектен грант за набавка на опремата, го доби Кристофер Лавинг, волонтер на Мировниот корпус, со цел да се подобри капацитетот и услугите на Центарот за асистивна технологија. Проектот официјално започна во април и ќе продолжи до крајот на август.