Languages

Mеки вештини за стотина лица со попреченост

Од 1 до 8 јули, во хотел Холидеј ин Отворете ги прозорците одржа осум обуки за меки вештини за стотина млади трагачи по вработување.

учесниците на обуката

Целта на обуката е да им помогне на лицата со попреченост што бараат работа да бидат повешти во потрагата и да остават подобар впечаток пред работодавачите.

Обучувачите Јован Сталевски, Даниела Карадаков  и Милица Трпевска максимално се посветија да им го пренесат своето знаење на младите луѓе. Учесниците го прифатија предизвикот од обучувачите и со голем ентузијазам учествуваа во практичните вежби. За време на еднодневната обука тие научија како да го подобрат нивното CV и како да напишат мотивациско писмо. Најинтересна им беше вежбата со симулирање интервју каде самите беа ставени во позиција да учествуваат и да оценуваат.

симулација на интервју

Следен чекор е изборот на четириесетмина кои ќе добијат скроени обуки, а партнерската организација Конект ќе работи со компании кои бараат вредни и мотивирани работници како нашите учесници.

Обуките се дел од проектот Вработување на лицата со попреченост – одржлив модел, што Отворете ги прозорците го спроведува заедно со Конект, а е поддржан од Делегацијата на ЕУ.

учесници на обуката