Languages

Јавна дебата за инклузијата во градинките

На 7 јули, во хотел Карпош Отворете ги прозорците одржа јавна дебата на тема: Инклузијата и преучилишните установи во Општина Карпош.

говорниците на дебатата

На дебатата присуствуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика, Општина Карпош, градинките, граѓански организации и родители.

Радмила Стојоквска Алексова го претстави истражувањето спроведено во месец мај, во сите градинки на територијата на општината. Наодите покажаа дека четири проценти, од вкупниот број на деца во градинките се деца со попреченост. Инклузијата на децата не е организиран процес и во најголема мера зависи од волјата и ангажманот на вработените. Исто така, пред присутните се обрати и Валентина Николовска која раскажа колку поддршката од градинката овозможува нејзиното дете со оштетување на слухот да има среќно детство.

присутните на настанот

Присутните што се вклучија во дискусијата ја повикаа општината и другите надлежни институции да обезбедат подобри услови и обуки за вработените. Тие нагласија дека имаат силна волја и дека во наредниот период активно ќе се залагаат да ја подобрат инклузија во нивните градинки.

Активностите се дел од проектот „Инклузија во ран детски развој“ , спроведуван од здружението Отворете ги прозорците, во рамки на проектот Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа (ПРЕЦЕДЕ) кој во Македонија го спроведува Првата детска амбасада во светот Меѓаши.