Languages

Годишен извештај за 2010

За прв пат оваа година, „Отворете ги прозорците“ го презентира Годишниот извештај за работа преку својата веб-страница.

Објавувањето на овој документ, што содржи информации за постигнувањата и за финансиското работење во текот на годината, е дел од заложбите на здружението за транспарентност и отчетност во работењето.

Годината што измина беше во знакот на започнувањето на програмата на УСАИД „Еднаков пристап за еднакви можности“ и на националното истражување на примената на асистивната технологија во основните училишта, како дел од неа.

 

Услугите на центарот за асистивна технологија на здружението ги користеа 36 корисници. 

 

Од издавачката дејност на здружението произлегоа два нови прирачници со корисни информации за употребата на компјутерот во работата со  ученици со посебни образовни потреби во основните и средните училишта. За прв пат, беше издадено ЦД со поедноставени програми за пишување и подготовка на презентации од програмскиот сет Open Office, наменето за лицата со хендикеп.

 

Во  2010 година, „Отворете ги прозорците“ реализираше програмски активности со буџет од малку повеќе од 3 милиони денари.

Повеќе информации за спроведените активности на здружението може да најдете во интегралниот текст на Годишниот извештај.