Languages

Get Online Week 2013 во Македонија

Трета година по ред, „Отворете ги прозорците“ ја организира европската кампања Get Online Week.

Оваа кампања има за цел да го поттикне користењето компјутери и интернет за сите граѓани рамноправно да уживаат во придобивките од новиот дигитален свет.

  Годинава, компаниите Accenture, Liberty Global и Microsoft ја поддржуваат и активно учествуваат во иницијативата на главниот организатор – европската мрежа Telecentre-Europe. Во пресрет на официјалното започнување на 18-ти март, тие испратија соопштение до медиумите информирајќи за заедничките напори да се „зајакне дигитална Европа“.
Со серија настани и интернет-промоции, „Отворете ги прозорците“ ќе овозможи граѓаните од Македонија да се вклучат и да дадат придонес во оваа европска кампања.