Languages

GCompris во ПОУ „Иднина“

На иницијатива на Бирото за развој на образованието, едукативниот софтверски пакет GCompris беше презентиран во Посебното основно училиште „Иднина“.
По примерот на неодамнешната соработка  со ПОУ „Д-р Златан Сремац“, на 11-ти декември во просториите на училиштето се одржа работилница за користење на едукативниот софтвер GCompris. На работилницата учествуваа сите четириесетина наставници од „Иднина“, кои на кратко се запознаа и со можностите што ги нуди асистивната информатичка технологија.  
 
Директорката Анета Петровска изрази благодарност за одржувањето на работилницата. „Оваа работилница е од големо значење за нас. Практичната примена на овој пакет во наставата ќе им овозможи на нашите ученици со посебни образовни потреби да ги совладуваат наставните содржини на стимулативен и анимирачки начин“, истакна таа, искажувајќи подготвеност за идна соработка со „Отворете ги прозорците“. 
 
Инаку да потсетиме, оваа не е прва соработка со училиштето „Иднина“: во 2011 година, две наставнички со своите ученици го посетија Центарот за асистивна технологија. 

1.jpg2.jpg3.jpg