Languages

Дружење со корисниците на „Порака Наша“

На 28ми февруари, во рамките на кампањата „Get online week“, единаесет корисници, неколку родители, вработени и волонтери на дневниот центар „Порака Наша“ од Куманово, го посетија здружението „Отворете ги прозорците“.

На средбата, неколкумина корисници на центарот за асистивна технологија на гостите им презентираа како може полесно да се совладаат компјутерските вештини. Презентацијата, се разбира, ја направија користејќи компјутер и проектор.

Низ разговор и во весела атмосфера, посетителите од Куманово имаа можност и самите да пробаат да работат на компјутер и да ја поддржат кампањата „Get online week“ преку пополнување на дигиталниот бројач.

Дневниот центар  „Порака Наша“ од  Куманово го посетуваат дваесет и двајца возрасни корисници со интелектуална попреченост.

 

 

01.jpg
 
Слика 1: PowerPoint презентација на Никола Колев

 

 

02.jpg

 

 Слика 2: Запознавање со компјутерот

 
03.jpg
 
 Слика 3: Корисник на „Порака Наша“ го пополнува дигиталниот бројач
 
04.jpg
 
Слика 4: Разговор и дружење