Languages

Безбедно на интернет

Во просториите на здружението, на 13-ти декември се одржа работилница за безбедност на интернет за корисниците на Центарот за асистивна технологија.
На почетокот беше прикажан австралискиот едукативен филм „Обележан“ (Tagged), преведен на македонски јазик од Првата детска амбасада во светот Меѓаши во соработка со Австралиската амбасада. Филмот што предупредува за можните последици од неодговорно користење на интернет и на социјалните мрежи беше вовед во дискусијата на присутните за правилно однесување на интернет. Поделени во три групи, присутните ги запишаа на компјутер клучните правила за безбедно сурфање.
 
Ентузијазмот и веселата атмосфера за време на двочасовната работилница ги израдува корисниците, кои изјавија дека научиле корисни работи и со нетрпение го очекуваат следното дружење.

1.jpg2.jpg3.jpg