Languages

Асистивни уреди во училиштата во Општина Ѓорче Петров

Oсновните училишта во Општина Ѓорче Петров ќе добијат по две тастатури со големи копчиња и дидактички материјал за учениците со посебни образовни потреби.

Мобилниот дефектолог Лидија Крстевска Дојчиновска, претседателка на „Отворете ги прозорците“, и Општината ја подобруваат пристапноста на општинските училишта.                                                        1.png6.jpg

Втора година по ред, во сите училишта функционираат инклузивни тимови кои спроведуваат различни иницијативи: На почетокот од 2013 година беше изградена пристапна рампа во ООУ „Страшо Пинџур“, а во ООУ „Ѓорче Петров“ беше опремена една просторија со дидактички материјал за работа со ученици со посебни образовни потреби.  
 
Континуирано се прават напори за поттикнување на професионалниот развој на наставниците. Само во периодот јануари - февруари 2013 година, мобилниот дефектолог одржа обуки во сите шест основни училишта на тема „Карактеристики на ученици со посебни образовни потреби и стратегии за работа“ за повеќе од 150 одделенски и предметни наставници, педагози и психолози.
  
Со овие постигнувања и посветеноста на општинскиот дефектолог Крстевска Дојчиновска и општинскиот училишен инспектор Соња Палчевска Ќосева, Општина Ѓорче Петров гради успешен модел за активно поттикнување на инклузијата на ученици со посебни образовни потреби во редовната настава.
 
2.jpg3.jpg5.jpg