Languages

10 години во 3 минути 38 секунди

За да го прослави јубилејот, Отворете ги прозорците објави видео за историјата на здружението. Низ слики, снимки и графички анимации во 3 минути и 38 секунди сместивме десет години полни со ентузијазам и напорна работа.

Растот на здружението е прикажан преку Вера, Марија, Кико, Игор и Арменд кои на почетокот на видеото се прикажани на слики кои датираат од почетоците на здружението. Малку подоцна тие самите говорат што е нивната најголемата придобивка од здружението.

Голема благодарност до наставничката Елена Јаневска Пертовска, Ребека Јанковска Ристески и проф. д-р Љупчо Ајдински кои ни кажаа што научиле од нас.

Видеото е снимено на македонски јазик, а потоа преведено на англиски и албански.Сите три верзии може да ги најдете на каналот на YouTube на здружението.

За да не го прераскажуваме целото, тука може да го погледнете сами: