Languages

КОНКУРС ЗА УЧЕНИЦИ

Конкурсот за ученици се однесува на изработка на ученички творби во две категории: компјутерски цртеж и кратко видео. Темата на конкурсот е „Моето училиште“.

Право на учество имаат сите ученици кои посетуваат редовна настава во 33 партнерски училишта, вклучени во проектот на УСАИД за е-пристапно образование.

Компјутерски цртежи може да пријавуваат само ученици од одделенска настава, од прво до петто одделение. Кратки видеа, пак, може да пријавуваат само ученици од предметна настава, од шесто до деветто одделение и ученици од две средни училишта.
***Напомена: видеата треба прво да се прикачат на You Tube и во пријавата да се испрати линкот до прикаченото видео.

Учениците може да ги пријавуваат творбите од 13 април и линкот за пријавување ќе биде отворен до 26 април, до 16 часот.