НАШАТА РАБОТА
ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ од една страна, е сервисна служба (service provider) за асистивна технологија што нуди три вида услуги за лица со попреченост: индивидуализирана поддршка за користење компјутер и интернет, индивидуална проценка на потребите од асистивна технологија и советодавно-консултативна поддршка за примена на асистивната технологија. Од друга страна, здружението спроведува проекти за промовирање на примената на асистивната технологија преку: јакнење на капацитетот на други актери, развој на иновации и истражувања, и јакнење на свеста и информирање.
ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ
Делувањето на Оторете ги прозорците е насочено кон поддршка и овозможување:
* Достапна информациско-комуникациска технологија за сите
* Инклузивно и модерно образование
* Еднакви можности за сите
* Иновативна организација со кредибилитет и способност за партнерства